Церемонијата на предавање на првите 30 возила на сопствениците на Model 3 од страна на Tesla беше проследено и со објавување на техничките податоци за возилото. Елон Муск објави дека Tesla Model 3 ќе се нуди во две верзии, со “стандардна батерија” и со “батерија за зголемена автономија”
Во зависност од моделот формирани се и цените, односно 35.000 долари за „обичната верзија“ и 44.000 долари за поскапата верзија. Објавените цени без моќноста да има одредено субвенционирање.
Без да се објават детали за самите батерии, од Tesla објавуваат дека стандардната верзија на Model 3 ќе има автономија до 220 милји или 350 километри, а втората со „посилнат абатерија“ им аавтономија од 310 милји, односно 500 километри.
Model 3 Standard Battery ќе биде во можност да забрза од 0 до 96 км/ч за 5,6 секунди, а Model 3 Long Range Battery истото го прави за 5,1 секунди. Максималната брзина на движење на двете модификации се 210 и 225 км/ч.
Од Tesla коментираат дека овие параметри се однесуваат за верзијата со еден електромотор и заден погон, а во подоцнежна фаза ќе бидат лансирани и верзии со погон со два електромотори на сите четири тркала.
Во стандардната опрема на Model 3 Standard Battery се вклучени 15-инчен екран чувствителен на допир, преку кој се контролираат речиси сите функционалности на колата, двозонска клима, аудио со FM радио, текстилен тапацир, wifi и интернет конекција, задна камера, радар напред со 12 ултрасонични сеонзори за да оневозможат преден суди, потоа осум камери, и уште доста други системи.
Tesla Model 3 ќе се нуди со стандардна 4-годишна или 50 000 милји гаранција, а батеријата е со 8 годишна гаранција или 100.000 милји (120 000 милји кај верзијата Long Range Battery).