Дестинации што се потценети од туристите

ОБЈАВЕНО НА:

Во светот постојат многу земји коишто имаат да понудат големи убавини во видот на култруно богатство, историски споменици, но и плажи, места за одмор, природа… Сепак, голем дел од земјите и не им се познати на туристите.

Во продолжение може да се види целиот список од 15 земји коишто имаат свои убавини, но се потценети од страна на туристите и не се посетени онака како што заслужуваат.
Листата ја направи британскиот весник Telegraf.

1. Боливија
Државата од Јужна Америка имаше 900.000 посетители во 2016 година, според податоците од Светската организација за туризам. Тоа е значително помалку отколку што имаат соседните држави како Перу (3,7 милиони туристи) или Чиле (5,6 милиони) и Бразил (6,6 милиони).
Тука може да ги видите најопасните патишта во светот, но и рудникот за сребро „Потоси“.

2. Филипини
Според населението (103 милиони) и располагањето со над 7.000 острови, земјата има премалку туристи. Тука биле едвај 154.000 Британци од околу 6 милиони колку што патувале низ светот во 2016 година.

3.Туркменистан
Територијата која што ја имаат е речиси рамна на онаа на Турција, а земјата во минатата година привлекла едвај 7.000 туристи. Земјата има неверојатна природа, пустината Каракум која е полна со свежи оази, древни шуми, подземни езера и кратери, како и кратерот Дарваз кој е наречен и „Вратата кон пеколо“.

4.Сиера Леоне
Во 2015 година земјата била посетена од едвај 24.000 лица, а една година подоцна бројката пораснала за нешто повеќе од трипати. Бројките велат дека имало 74.000 туристи и тоа беше најбрзиот пораст кон некоја дестинација за тој период.

5. Канада
Земјата привлекува значително помалку туристи од соседите. Канаѓаните заостануваат зад САД што делува чудно особено ако се знае дека имаат одлични зимски центри.

6. Бутан
Се работи за една од најскапите дестинации (има висока туристичка такса за секој посетител). Преставува проблем и патувањето бидејќи само пет земји во светот имаат директни летови до Бутан. Интересно е и тоа што аеродромот е голем предизвик за пилотите. Земјата ја нарекуваат „најсреќната земја во светот“, иако во исто време е и најсиромашната. Сепак, има што да се види во неа.

7. Мозамбик
Оваa земја сe уште не е меѓу најпопуларните туристички места во светот. Сепак, нуди одлични можности за плажа со над 1400 милји простор и станува сe попопуларна.

8. Албанија
Нашиот западен сосед има убава природа, но и ниски цени. Бројките велат дека во 2016 година имало 4 милиони туристи, додека Хрватска има цели десет милиони повеќе од Албанија.

9. Индија
Една од најголемите и најбогати држави во светот е доста популарна туристичка дестинација. И покрај тоа привлекла едвај 14,6 милиони туристи во текот на 2016 година што е помалку од Макао.

10. Молдавија
Таа е најмалку посетувана од страна на туристите од Европа. Регистрирани се околу 121.000 туристи од страна, а помалку од оваа земја се посетувани само Бангладеш и Гвинеја. Има што да се види во неа и може да го задоволи вкусот на различни видови на туристи. Има десетици убави манастири, можат да се набљудуваат и над 300 вида на птици. Главниот град Кишињев е задолжителна станица за секого.

11. Монголија
Има трипати поголема територија од Франција, но е најмалку населена земја во светот. Една третина од населението живее во градот Улан Батор. Тука може да се видат цели семејства кои живеат во планините и се на стотици километри од урбанизираните зони.

12. Иран
Во 2016 година земјата била посетена од едвај 5 милиони странски туристи иако има дури 22 објекти кои се под заштита на УНЕСКО (само еден помалку од САД). Веројатно причина за тоа се и санкциите коишто ги имаа. Инаку, Иран има многу зачувано од древното персијско културно наследство.

13. Гвинеја
Кооперативната република Гвинеја, која некогаш се нарекуваше британска Гвинеја, се наоѓа на североисток на Јужна Америка. Таа е земја со големи дождовни шуми кои се малку истражувани, а на само малку места таму има стапнато човечката нога. Покрај тоа природата таму имала најслабо влијание од човекот.

14. Мадагаскар
Четвртиот остров по големина во светот е задолжително место за посетување од страна на вљубениците на дивата природа. Во 2016 година тука биле ово посета само 293.000 странски туристи.

15. Белизе
Оваа држава е најмалку посетувана од сите земји во Централна Америка со само 386.000 туристи во 2016 година. За споредба Костарика ја посетиле околу 3 милиони додека Мексико дури 35 милиони жители. Тоа е едно од најмирните места во регионот со златни плажи, рушевини од времето на маите и некои од најдобрите места на светот за нуркање.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK