Десетте најскапи хотелски апартмани во светот за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализирано списание за авиокомпаниите, ја претстави новата класификација на Топ 100 хотелски апармани за 2018 година. На списокот се вклучени категории како најголемите и најскапите апартмани во целиот свет.

Тоа се места кои сигурно би сакале некогаш да ги посетите, да престојувате макара и н акратко, и д аго доживеете целио тлуксуѕ што го имаат и го нудат.

Подолу се десетте најскапи апартмани, а нивната цена варира од 36.000 до 80.000 долари.

10.Апартман 5000, Mandarin Oriental, Њујорк – $36 000

Нема да го откриете овој апартман од 1000 квадратни метри на веб страната на mandarin Oriental. Тоа е нешто, кое го знаат само ВИП личностите. Се наоѓа на 50. спрат, а апартманот располага со дневна соба, три спални, трпезарија со инсталација од „Сваровски“ и библиотека со филмови и музика направена од Academy Records.

9.Апартман „Принцеза Грејс“, Hotel de Paris Monte-Carlo, Монако – $37 000

Се наоѓа на два спрата и има речиси 3000 метри квадратни. Го носи името на принцезата Грејс од Монако. Има сè – од приватна тераса до сауна и бања на пареа. Двете спални, како и многу од другите соби нудат неверојатна глетка кон морето.

8.Кралски апартаман, Plaza, Њујорк – $40 000

Има причина зошто се нарекува „Кралски апартман“. Тоа е поради фактот што е инспириран од дворецот на Луј XV. Трите бањи во апартманот се покриени со мермерни плочки, а во другите соби има мебел ко е покриен од 24-каратно злато. Апартманот има површина од 1350 квадратни метри, а гостите имаат приватен лифт и прекрасен поглед кон Петтата авенија.

7.Пентхаус,Hotel Cala di Volpe, Порте Сево, Италија – $41 177

Независно од селската атмосфера и декор наоколу, овој апартман со површина од 820 квадратни метри и е олицетворение на луксуз. Гостите можат да се насладуваат на солариум, приватен базен за пливање и трпезарија со поглед кон преубавата Коста Смералда. Апартманот располага дури и со приватна винарска визба.

6.Гранд Ријад, Royal Mansour, Маракеш, Мароко — $43 480

Royal Mansour има 53 индивидуални апратмани на три спрата, а Grand Riad е навистина највпечатливиот од сите нив. Во овој апартман ќе се чувствувате како марокански кралски личности благодарение на богатиот декор и бескрајната удобност. Има домашно кино, бар и фитнес сала, како и спа центар.

5.Вила Хилтоп, остров Лаукала, Фиџи – $45 000

Идеален е за семејства или големи групи. Вила Хилтон е нешто повеќе од обичен апартман. Имотот, кој се наоѓа на приватен остров, доаѓа со личен готвач, дадилка и возач. Во прилог на главниот апартман има и две резиденции за гости и базен заобиколен со бујна вегетација.

4.Пентхаус, Faena Hotel Miami Beach, Мајами, Флорида — $50 000

Проектиран е од режисерот Баз Лурман и неговата сопруга, архитектката Катрин Мартин. Хотелот не е изненадувачки познат по својот смел изглед, полн со животински отпечатоци и ентериер од слонова коска и мермер. Секоја од петте спални соби во тој пентхаус располага со сопствена тераса, а прозорците од подот до таванот, кои ги опкружуваат двата спрата на апартманот, обезбедуваат еднакво неверојатни погледи кон океанот.

3.Пентхаус, Hоtel Martinez, Кан, Франција —$53 200

Ова е апартман кој е омилен кај славните личности за време на филмскиот фестивал во Кан. Пентхаусот на хотелот Martinez е со зафатнина од 5500 квадратни метри и има поглед кон заливот. Покрај тоа има и приватна плажа на хотелот и булевар Кроазет. Гостите нема да можат да ги издржат прекрасните сончеви зраци на убавата, дрвена тераса на апартманот.

2.Апартман с 5 спални и тераса, The Mark, Нујорк – $75 000

Петте спални се со различен размер, а апартманот има вкупна зафатнина од речиси 1500 метри квадратни и е како белег на градот.Во петте бањи можете да откриете црно-бел мермер и италијански тоалети. За оние кои сакаат да готват има кујна проектирана по нарачка. Постои и голем простор на отворено, станот има јасен павилјон и тераса со површина од 760 метри квадратни со поглед кон Централ парк.

1.Кралски пентхаус, Hotel President Wilson, Женева, Швајцарија — $80 000

Гостите кои ќе го земат под наем кралскиот пентхаус на осмиот спрат од хотелот President Wilsonу добиваат целосен сет на статисти. Тука луксузот не недостига. Во дневната соба има градиозно пијано, маса за билјард и ретка колекција на книги. Во бањата има тоалети на Hermes и џакузи со поглед на Женевското езерто. Пенатхаусот располага и со најсовремен систем за безбедност, со камери, блиндирани прозорци и копче за аларм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK