Долгите патувања со автомобил често знаат да бидат многу интересни. Тешко дека има многу нешта кои можат да бидат така пријатни и да опуштаат како нив. Пред вас се стотици километри, а единствените две важни работи се горивото во резервоарот и крајот на патот – пишуваат Architectural Digest.
Затоа доколку сте се прашувале кои се долгите магистрали во светот тогаш можете да ги погледнете во продолжение.
По овие патишта можете да ги направите најдолгите и најпредизвикувачки патешествија.
- Меѓународна магистрала 80
Долга е 2899 милји. Меѓународната магистрала 80 почнува во Тинек, Њу Џерси и минува низ 11 градови, а крајот е во Сан Франциско.
- Меѓународна магистрала 90
Долга е нешто над 3000 милји, а магистралата 90 е најдолгата меѓународна магистрала во САД. Почнува во Бостон, а патот минува низ северната половина на земјата сè до Сиетл. Меѓу овие два града I-90 минува низ околу 11 градови.
- Американски пат 6
Минувајќи низ целата територија на земјата. US Route 6 почнува во Масачусетс и завршува во Калифорнија во близина на границата со Невада. Целата магистрала има 3199 милји.
- Американски пат 20
Должината е 3365 милји, а Американскиот пат 20 оди од исток кон запад минувајќи низ 12 градови. Завршен е во 1926 година, а почнува од Бостон и завршува во Њупорт во Орегон.
- Кинеска национална магистрала
Кинеската национална магистрала е најдолгата во земјата со вкупно 3541 милја. Таа се движи од Тонджијан во источниот дел на земјата до Сања, на јужниот крај до Јужнокинеското море.
- Национална магистрала на Индија
Ја нарекуваат и Златниот квадрат (Golden Quadrilateral) е најголемиот магистрален проект во Индија и поврзува многу од големите градови во земјата. Со должина од 3632 милји бетонски пат ги поврзува Делхи, Мумбаи, Калкута и Ченаи, Пуне, Ахмедабад, Џајпур, Канпур, Сура и Бангалор.
- Трансканадска магистрала
Таа е со должина од 4860 милји. Ја пресекува цела Канада од исток кон запад.
- Трансибирска магистрала
Оваа магистрала е неофицијалното име на систем од патишта која почнува во Санкт Петербург и минува низ 6835 милји во срцето на Русија пред да заврши во Владивосток, далечниот источен крај на Русија во непосредна близина до Тихиот океан.
- Магистрала 1
Австралиската Магистрала 1 минува низ целиот континент и минува низ 9000 милји. Ги поминва сите поголеми градови, а патот минува низ широк спектар од терени како тропска кал, пустини и океанско крајбрежје.
- Панамериканската магистрала
Се простира на терен во должина од 19.000 милји (околу 30.000 километри). Панамериканскаа магистрала е најдолгиот автомобилски пат на светот. Почнува во Придхоу Беј на Алјаска и се движи кон југ притоа минувајќи низ Канада, САД, Мексико и Централна Америка, а потоа достигнува до Јужна Америка минувајќи низ Колумбија, Еквадор, Перу и Чиле за на крајот да заврши на јужниот крај на Аргентина.