Десет возила кои ретко ќе ги видите во сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува ново возило секогаш е многу важно да се одбере модел кој ќе ве служи долго. Секогаш е потребно да се има автомобил кој ќе биде ваш „верен пријател“ и кој нема да биде причина за честа посета на сервисите.

Една таква ранг листа која е подготвена од страна на американскиот портал iSeeCars ги носи десетте модели на автомобили кои најретко завршуваат во сервиси. А Американците секогап биле педантни кога станува збор за статистиката. За се имаат интересни информации.
Дел од овие возила се продаваат и на европскиот пазар, што значи дека тој квалитет е соодветен и за Европа.

Поточно тоа се возила кои најмалку им го губат времето на сопствениците со разни поправки или со комплетен ремонг.

1.Hyundai Accent

Малиот Кореец е лидер меѓу моделите, кои немаат потреба од дополнително дотерување после напуштањето на салонот. Accent може да се офали и со одлична оперативна сигурност.

2.Chevrolet Equinox

До пред некое време ова СУВ возило беше во категоријата на Chevrolet Captiva и Opel Antara, но сегашната генерација е со помали размери и конкурира на Toyota RAV4, Honda CR-V… но се продава послабо од своите ривали.

3.Toyota Corolla

Тоа е најмасовниот автомобил во светот, но и покрај тоа Toyota некако успеа да го зачува од многу сервисни акции, кои ги објавуваше во последните години.

4.Honda Civic

Во текот на една година во САД се продаваат по 400.000 седани од овој модел, но сопствениците немаат многу причини да ги следат билтените за отповикување.

5.Honda CR-V

Неодамна еден од бестселерите во сегментот доби нова генерација, но останува меѓу оние со најмалку сервисни акции.

6.Honda Accord

Брендот од Јапонија нема проблеми со дефекти при конструкцијата.

7.Subaru Crosstrek

Во Европа е познат под името XV, а е најмалиот кросовер на Subaru. Минатата година се префрли на нова платформа.

8.Toyota Camry

Моделот одамна не се продава во Европа, но е апсолутен лидер по продажба во својата класа во САД и за тоа има многу причини.

9.Hyundai Elantra

Моделот е меѓу најпродаваните компактни седани во САД.

10.GMC Terrain

Полуксузната и поскапа верзија на Chevrolet Equinox е многу ретко објект на сервисни акции.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK