Десет важни совети за возачите во текот на есента

ОБЈАВЕНО НА:

Со доаѓањето на есента многу возачи, особено почетниците, може да се соочат со одредени потешкотии. Подобро за нив е да се подготват порано. Дури и ако возењето во зима одамна не го плаши никого, тогаш треба ли да се плашиме од патувања во текот на есента?

Можеби и не треба, но одговорно возење во текот на оваа сезона е неопходно. Во спротивен случај се можни непријатности. А тие никако не се малку.

Зголемено внимание
Наивно е да се очекува дека сите деца ќе се движат во ред без да се обидат да скокнат на капакот на најнеочекуваните места. Лек, секако нема. Само зголемете го вниманието. Едноставно зголемете го вашето внимание. Обидете се да ги истуркате утринските маршрути подалеку од училиштата и детските градинки. Ова се местата со најголемиот метеж во првите неколку недели од учебната година.

Денот се намалува – треба добро светло

Пејсажот од околината брзо почнува да црнее, а границите на површината на патот се слеваат во неизвесноста додека сообраќајот пред вас ве заслепува со фаворите. Покрај тоа од време на време и сопствените фавори не ви светат каде што треба. Преку лето вие на тоа едноставно не сте давале доволно внимание. Кажано со неколку збора, треба да ја проверите опремата за осветлување (не само фаровите).

Се лизга
Постои и друга можност да се почувствуваат некои причини за лизгањето, како на пример паднатите лисја од дрвјата. Накусо, намалете ја брзината – полошо нема да се случи!

Нечистотија

Кога предната шофершајбна, која утрото била целосно видлива, буквално пред вашите очи ќе биде покриена со сите можни гадотии, а бришачите почнуаат да ја размачкуваат, тогаш ризикот од несреќа сериозно расте. Не бидете мрзеливи и избришете ја шофершајбната особено онаму каде што бришачите не успеваат да стигнат. Тоа ќе ја зголеми вашата видлицост. Не штедете ја течноста за бришачите, туку малку по малку минувајте од летна кон таква која содржи алкохол.

Жолти лисја
Паднатите листови многу сакаат да се појавуваат насекаде, па дури и во проводникот за воздух на парното. Советот е едноставен: тргнете го „гулабарникот“ навреме. Инаку место вас тоа ќе го направат монтерите, само нема да биде бесплатно.

Шлапкање по барички
Не се мислете да ја намалите брзината кога ќе видите пред вас поголема количина на вода. Списокот на непријатни изненадувања тука е доста голем: од аквапланинг до воден удар во движење. Покрај тоа автомобилот може да се подлизне, ако на пример левите тркала се на асфалт, а десните се принудени да се најдат во локвата.

Абразив
Во текот на есента на возилата завршува толку големо количество на нечистотија што под нејзиното дејство каросеријата несакајќи го губи својот оригинален сјај. Рецептот е едностав: „трпа почесто да се пере“. Покрај тоа употребата на заштитни восоци помага во борбата со абразивите.

Акумулаторот

Наесен видливо се зголемува потребата од електрика во автомобилот. Предните светла, вентилаторот за парното, греењето на стаклата, бришачите. При кратки патувања тоа може да доведе до недоволно полнење на акумулаторот, па ако не направите труд да го проверите и да го наполните, тогаш може да откаже при првото поголемо заладување.

Багажник
Со доаѓањето на календарската есен е добро да се направи ревизија на делот во багажникот на автомобилот. Секаква облека за капење и папучи е време да биде заменета со стара или зимска јакна. Во случај нешто да тргне наопаку при ноќно возило ќе имате со што да се затоплите.

Притисок во гумите
Притисокот во гумите со доаѓањето на есента се симнува за околу 0,1 бар на секои десет степени. На тој начин доколку преку летото сте го провериле притисокот во гумите и тој бил 2,3 бари тогаш преку есента навечер кога температурите доаѓаат до нулата притисокот на гумите може да падне до 2,0 бари.

Гуми
Оние кои немаат зимски гуми е време да размислат за купување на такви. Тие кои имаат задолжително треба да ги наместат и да проверат дали шарите одговараат со она што го бара безбедноста.

Заштита од корозија
Не е тајна дека максимално корозивно дејство над автомобилот се покажува во текот на зимата така што не би било лошо да се обноват знаењата за корозија на подот од автомобилот. Поискусните возачи од она време знаат дека не е лошо да се нанесува специјален повеќе течен детергент во шуплините од автомобилот. Се разбира, сопствениците на понови автомобили веројатно нема да се справат со ова, но сопствениците на стари возила најдобро е да го имаат предвид овој совет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK