Десет совети како да заштедите пари кога патувате

ОБЈАВЕНО НА:

Патувањата се одлични за добивање на нови познавања, ширење на погледот на светот, но и овозможуваат запознавање со нови лица и култури. Преку патувањата може да се научат  многу нешта за себе си и за сопствените желби.

Велат дека секоја година е убаво да се посети едно место, на кое не сте биле никогаш порано, а за еден вистински патник авантурата никогаш не запира Често финансиите се пречка за голем дел од луѓето и тие имаат ограниче буџет за своето патување.

Оттаму убаво е да се имаат предвид следните неколку работи кои ќе ви помогнат подобро да го испланирате вашиот буџет и на тој начин да заштедите пари. Ти се сместени во десет совети кои ќе ви бидат од голема помош доколку ги применувате.

1.Јадете локална храна

Нема подобар начин да заштедите пари од тоа да се храните како локалното население. Тоа е и добар начин да се разбере какви се вкусовите. Тука не се вклучуваат скапите ресторани на централните плоштади туку малите улички со пријатни места за јадење. Исто така речиси секој хостел има своја кујна, која можете да ја искористите откако ќе испазарите во некој супермаркет. Таму може да сретнете други туристи и да можете да си поприкажете.

2.Користете ја платформата Couchsurfing

Се работи за платформа, која ги поврзува туристите со локалното население. Таа нуди интересен начи да заштедите пари благодарение на советите од локалците кои можете да ги најдете на неа, како и да се сретнете со други туристи, да испиете по еден пијалок со некој локален жител или да му отидете на гости, а тој да ви раскаже многу повеќе за градот и знаменитостите.

3.Бесплатни тури

Обиколките кои не се плаќаат се многу популарни во цела Европа и во САД и се одличен начин да научите многу повеќе за градот и да создадете нови пријателства. Во основа на овие тури се советите кон туристите за основните туристички места во градот и за нивната историја. Туристичките водичи се исклучително љубезни и можете да им задавате секакви прашања.

4.Изнајмете велосипед

Најдобриот и најевтин начин за разгледување и запознавање на градот е да си изнајмите велосипед. Од старите европски градови до древните градови во Тајланд и Лаос, велосипедите за изнајмување се достапни секаде. Ако патувате во текот на летото во Европа може да си земете билет за три евра на месец, кој ќе ви овозможи да користите изнајмен велосипед и на тој начин да заштедите пари за транспорт.

5.Заборавете на сувенирите

Вистинта е дека никој не го користи повеќе од 2-3 месеци привезокот за клучеви кој сте му го подариле. Сувенирите се неверојатен начин да ги запечатите спомените од патувањето, но кога ќе се замислите голем дел од нив не се користат и собираат прав. Подобро место тоа да направите фотографии кои после тоа ќе подарите на вашите блиски заедно со некоја убава порака.

6.Загубете се

Сигурно сте го ислушнале изразот дека „губењето води до неочекувани авантури“ и тоа е дефинитивно точно. За да го запознаете градот не значи дека треба само да ги посетите најпознатите мета туку и да тргнете во непозната насока за вас и да најдете места за кои идеја дека воопшто постојат.

7.Качете се на автобус

Од сите можни транспорти, кои можете да ги корисите, за да стигнете од еден град до друго автобусот е најевтината варијанта. Патувањето со автобус може да биде многу комотно. Повеќето автобуси веќе имаат електрични контакти, Wi-Fi и телевизори, на кои се пуштаат филмови.

8.Проверете ги туристичките форуми

Има илјадници можности да направите добра зделка или да најдете забавни активности за Вашете патување. Од забави без влезница и бесплатни напитоци, до пижама парти и битка со перници, може да се направи патувањето да биде незаборавно.

9.Носете ја вашата студентска картичка

Секој ви кажува дека студентската кртичка може да ви заштеди пари, но Вие никогаш не сте знаеле каде да ја искористите. Таа може да ви даде можност за попуст во хотели, при купување на авионски билети, тури и музеи. За долги одмори во странство дознајте повеќе од меѓународните студентски картилки, кои даваат попусти и купони во секој град низ светот.

10.Планирајте однапред

Доброто планирање може да ви заштеди многу пари, но и чекање во долгите редици. Живееме во свет во кој интернетот е најголемиот туристички агент. Веб сајтовите како SkyScanner ITA-Matrix можат да ве информират кога влезниците за саканата дестинација се нудат по најниска цена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK