Десет најпопуларни филмски автомобили (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Shelby Mustang GT500 Eleanor, со кој управува Николас Кејџ во филмот „Исчезни за 60 секунди“ од 2000 година е најпопуларниот филмски автомобил според миелењето на читателите на порталот www.trackdays.co.uk, кои се најчесто вљубеници во брзото возење со мотори и автомобили за тркачки патеки. Со оглед на гласачите, изборот на најдобриот автомобил не е воопшто чуден, како ни на другите девет од Топ 10 филмски возила.

Особено се популарни моделите од серијата „Пеколни улици“. На листата се британската гордост „Ford Escort RS MK1“ од 6. продолжение, Nissan GT-R R35 од седмото, Dodž Čelendžer Helket од осмото и Tojota Supra од првиот дел. Остатокот на листата го пополнија Audi R8 на Iron mаn, кој го воИ Роберт Дуни Јуниор, како и Shelby Cobra од „Лоши момци“.

Тука е и првиот Aston Martin – DB5 од Бонд од „Goldfinger“. Останатите две места се пополнети од Ford Mustang GT Stage 3 од „Transformers“ и портокаловиот General Lee односно Dodge Charger од филмот и серијата „The Dukes of Hazzard“.

ТОП 10 ЛИСТА

1.Shelby Mustang GT500 Eleanor (Gone in 60 Seconds)

2.Ford Escort RS MK1 (Fast & Furious 6)

3.Audi R8 (Iron Man)

4.Shelby Cobra (Bad Boys)

5.Nissan GT-R R35 (Furious 7)

6.Aston Martin DB5 (Goldfinger)

7.Dodge Challenger Hellcat (The Fate of the Furious)

8.Ford Mustang GT Stage 3 ROUSH (Transformers)

9.Dodge Charger (The Dukes of Hazzard)

10.Toyota Supra (The Fast and the Furious)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK