Десет едноставни автомобилски трикови за секојдневна употреба

ОБЈАВЕНО НА:

Во многу ситуација сте се прашувале како да реагирате. Некогаш не ви теквало дека мали трикови може многу да ви помогнат. Тоа се работи што се пренесуваат од возач на возач. Индустријата се погрижила да ви предложи решенија за сите можни проблеми во секојдневието.

Понекогаш можете да се ослободите од потешкотиите само со вистинските материјали и малку духовитост. Мали работи што може многу да ви помогнат.

Како да се справите со замрзната брава

Oва нема да ви треба сè уште, но добро е да го запаметите за следната зима. Ако немате специјален препарат за одмрзнување можете да искористите едноставен антибактериски гел за раце. Со количина колку зрно грашок натријте во процепот на бравата, а може да ставите малку и на врвот на самиот клуч. Гелот содржи алкохол, кој ќе го стопи мразот побрзо. Во никој случај не го загревајте клучот со запалка, ако во него има електроника.

Како да ги исчистите фаровите

Постојат специјализирани и доста скапи препарати за остварување на целта. Сепак, истиот ефект моѓете да го постигнете и со малку паста за заби. Втријте ја убаво со крпа и после исплакнете со вода.

Како да се ослободите од старите налепници

Доколку купувате автомобил на старо oд друга земја постои сериозна шанса да го добиете со стикери за бебе или некоја светски позната италијанска метал група. За да ги извадите едноставно парче весник натопете со топла вода и ставете го над стикерот десетина минути.

Како да го обезбедите вашиот смартфон

Ако имате потреба, да речеме да користите навигација на вашиот смартфон, доволен ќе ви биде еден најобичен ластик за да го прицврстите на еден од отворите за вентилација.

Како да се заштитите од сонцето кое бие во очи

Тоа е популарен трик кај воените пилоти. Ако сонцето ве заслепува, ставете парле пластична фолија на стаклото. Тоа ќе се прилепи добро благодарение на статичката енергија. Фолијата ќе ја најдете во секоја продавница за канцелариски материјали и дури и во цвеќарите.

Како да паркирате мирно во гаража

Помладите возачи често имаат проблеми да го определат точното растојание од автомобилот до ѕидот на гаражата. Штом еднаш ќе паркирате, закачете мека топка на конец што ќе виси од таванот така што ќе знаете кога треба да застанете. При секое следно паркирање топката ќе биде вашиот ориентир.

Како да ги заштитите вратите од гребење

Уште еден совет за оние кои имаат тесни гаражи. Залепете ги ивиците на ѕидовите на местата каде што вратата би допрела со мека пена.

Како брзо да го изладите внатрешниот дел од возилото

Ако автомобилот стоел долго на Сонце отворете еден од предните прозорци, а потоа отворете ја и затворајте ја неколку пати вратата од спротивна страна. На тој начин целиот топло воздух ќе излезе набрзина.

Како да ги избришете малите гребаници

Со внимателно нанесен безбоен лак за нокти ќе успеете во вашата мисија. Тој исто така помага и при оштетувањето и пукнатините на предната шофершајбна. Со 2-3 слоја на лак ќе се спречи пунатините да станат поголеми.

Како да бидете подготвени на сè

Особено во зима не е лошо да имате во автомобилот еден комплет за итни случаи: со вода, некаква трајна запакувана храна, ќебиња и резервна облека, а исто така и резервна батерија за смартфонот или најдобро старомоден телефон од оние кои издржуваат до 6-7 дена со едно полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK