Ерата на таканаречени фарови кои се собираат помина и веќе нема производители на вистински возила со такви основни светла. Овој вид на фавори се софистицирани и не се доволно сигурни, но тие се исклучително ефектни и интересни.
Откако помина оааа ера, сега мирно можеше да се состави список со најчудните фарови и тука се десет автомобили.
GM LeSabre
Тоа е еден уникатен концепт од најуспешната деценија за General Motors. Со него GM очигледно се има надминато себе си.
Cord 810
Тоа е првиот автомобил со фарови кои се собираат. Секој фар се отвора со посебен уред од внатрешниот дел на автомобилот.
Matra M530
Стилски направен. Францускиот автомобил наликува на „пијан сом“.
Dodge Charger
Едни од најспектакуларните и добро скриени фарови, ако не знаете, тешко можете да очекувате да „излезат“ оттаму.
Subaru Brat
Јапонците ретко појавуваат креативност и нетрадиционално гледање во своите дизајнерски решенија, но тука со тоа „трето око“ дефинитивно го прават спротивното.
Aston Martin Bulldog
За максимална аеродинамика дизајнерите на ова возило едноставно решаваат да ги скријат фаровите под хаубата.
Opel GT
Еден пример за ефективен рачен механизам со неверојатна симетрија – фавори, кои некој едвај може да ги очекува да ги види на германско возило.
Panther Solo
Ова е едно малку познато возило, со уште помалку познат механизам на фаовир. Сепак, изгледа прекрасно.
Cizeta V16T
Со сите тие светла Cizeta V16T може мирно да учествува во некоја од ноќните етапи на рели трките.
Alfa Romeo Navajo
Концепт на Bertone, создаден на шасија од Alfa Romeo Tipo 33 и со фавори кои се отвораат странично.