Демонстрантите ги палат возилата, а полицијата им ги буши гумите – ова е причината (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во САД веќе неколку недели се одржуваат протести против полициската бруталност и расизмот предизвикани од убиството на црномурестиот Флојд. Мирните протести за кратко прераснаа во насилни, а најмногу настрадаа излозите од продавницата и возилата кои беа палени и демолирани.

Сепак едно видео предизвика голема нејаснотија и љубопитност.

Имено, на интернет се појавија неколку видеа на која се гледа како полицијата и воената гарда ги буши гумите на возилата кои се наоѓаат на самите места каде што се протестира и блиската околина. Се бушат гумите на сите возила вклучувајќи ги и оние на новинарските екипи, владините служби…

На новинарско прашање, портпаролот за одделот за безбедност во Минесота ја разреши дилемата околу оваа постапка на полицијата. “Стратешки ги бушиме гумите за да спречиме опасно возење со висока брзина во близина на демонстрантите и полицијата” изјави портпаролот.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK