Дека не се само младите „луди возачи“ покажува и последната информација од МВР. Лишен од слобода бил 75-годишен возач од Охрид, кој управувал возило со 126 км на час на место каде е дозволено 50 км на час
Тој на регионалниот пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, бил запрен од полициски службеници од ОВР Ресен откако било утврдено дека возел патничко возило со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.