Деби на 750.000 евра вреден De Tomaso P72 на Гудвуд

ОБЈАВЕНО НА:

На традиционалниот фестивал на брзината во Гудвуд свое импресивно деби забележа и моделот P72 на De Tomaso. Станува збор за некогашниот италијански производител De Tomaso кој во 2011 година имаше неуспешен обид да се врати на голема врата, а четири години подоцна, во 2015 година официјално згаснува.

Станува збор за супер брз автомобил со несекојдневен, егзотичен дизајн. Погонот го придвижува централно поставен V8 бензински мотор кој доаѓа со мануелен менувач.

Овој прототип сеуште не е влезен во сериско производство. Планирано е производство на 72 примероци, а продажната цена започнува од 750.000 евра.

De Tomaso е формиран во 1959 година од страна на аргентинецот Алехандро де Томазо. Низ историјата овој италијански производител лансираше неколку спортски автомобили како Vallelunga, Mangusta, Pantera, Guara и Bigua, а во периодот од 1976 до 1993 година оваа компанија раководеше и со компанијата Maserati.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK