„Дебел“ пад во продажбата на возила на петте најголеми пазари во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата што веќе една година го „окупираше“ светот постојано носи нови негативни бројки во индустријата, а автомобилската постојани бележи само падови. Најголемите пет пазари во Европа во февруари 2021 година имаа за 22 отсто помалку продадени возила во однос на истиот период лани. Гледајќи ги вкупните бројки годинава во споредба со лани сега падот е 25 отсто.

Според податоците на JATO, само во февруари на овие пет пазари се продадени 582.122 возила (-22 отсто), а на годишно ниво 1.146.400 возила (-25 отсто)

Најголем пад во продажбата е забележан во Шпанија каде во февруари е забележана за 39 отсто помала продажба, а на годишно ниво за 46 отсто. Сега втор најголем пазар во Европа е Италија каде се продадени 143.775 возила, и има најмал пад (само 12 отсто) во февруари 2021 и на годишно ниво тој пад е само 13 отсто.

Германија останува наголем пазар и за малку не ја надмина бројката од 200.000 возила. Во февруари се продадени 193.349 возила што е пад од 19 отсто, а на годишно ниво се продадени 364.103 возила (пад од 25 отсто).

На годишно ниво Франција има пад од 14 отсто (358.795 возила во 2021) а во февруари се реализирани 132.436 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK