Dacia со 3.000 електрични модели Spring ја „освојува“ Франција (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Groupe Renault и E.Leclerc, кои можат да се пофалат со долгогодишна соработка објавија дека двете страни ќе ги продлабочат односите, а од 1 март следната година трговскиот гигант ќе ја зголеми флотата на автомобили за споделено користење со 3.000 претставници на новиот и 100% електричен модел Dacia Spring , како и нови 1.000 од Renault ZOE.

Главната цел на новата иницијатива на Groupe Renault и E. Leclerc, и придобивката на новите 4000 електромобили е да се даде можност на возачите од Франција да најмат електрични автомобили и лично да ги увидат предностите на електричната мобилност за најдобрата можна цена.

При појавата на пазарот во следната година електромобилот Dacia Spring ветува потенцијал за препишување на правилата за електрична мобилност, што ќе ја направи исклучително финансиски достапна за огромна корисничка група, а во исто време ќе понуди и автономија од 225 километри (според WLTP стандард) до 295 (според WLTP во урбана средина).

Dacia Spring Electric првично дебитираше на светската сцена во две основни верзии – специјално развиена за компаниите кои нудат услуги за користење на автомобили (car sharing) во градски услови и комби верзија, која ветува да прерасне во идеално решение за урбана шпедиција и особено за оние зони, во кои е забрането користењето на транспортни возила кои користат класичен погон со внатрешно согорување.

Од Dacia го опишуваат Spring Electric како револуција со најниска цена на градски електромобил во Европа, а моделот ветува да биде достапен за сите корисници.

Spring Electric е со основни димензии: должина 3,73 м, ширина 1,62 и висина од 1,51 метри, а товарната носивост е 300 литри (600 литри при спуштени задни седишта).

Електромобилот Dacia Spring ветува да им понуди на потрошувачите можност да поминат 225 километри во чист електричен режим (WLTP мерење), кое би требало да биде доволно за потребите на дневно-неделно движење на база на работната недела во градски услови. Електричниот мотор на автомобилот е со моќност од 44 коњски сили, а батеријата е со капацитет од 26,8 kWh.

Dacia Spring Electric

Од Dacia го опишуваат Spring Electric како револуција со најниска цена на градски електромобил во Европа, а моделот ветува да биде достапен за сите корисници.Spring Electric е со основни димензии: должина 3,73 м, ширина 1,62 и висина од 1,51 метри, а товарната носивост е 300 литри (600 литри при спуштени задни седишта).Електромобилот Dacia Spring ветува да им понуди на потрошувачите можност да поминат 225 километри во чист електричен режим (WLTP мерење), кое би требало да биде доволно за потребите на дневно-неделно движење на база на работната недела во градски услови. Електричниот мотор на автомобилот е со моќност од 44 коњски сили, а батеријата е со капацитет од 26,8 kWh.

Полнењето на батерискиот блок на Dacia Spring може да биде завршено до 80% за помалку од еден час при извор на напојување со капацитет од 30 kW DC и за помалку од 14 часа при употреба на стандардна домашна инсталација.

Dacia Spring ќе дебитира на пазарот со фабричка гаранција од три години или 100.000 километри, а батерија со осум години или 120.000 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK