Давидовски влезе во историјата на TCR Europe – сега продолжува да ја пишува

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на претходната трка во Франција стана првиот Македонец што победил на трка од TCR Europe, Виктор Давидовски викендов продолжува со пишување на тркачка историја. Новиот предизвик е позната патека Спа во Белгија каде се возат следните две трки, во сабота и во недела. Како дел од Comtoyou Racing, Давидовски ќе се бори за бодови кои на тимот многу му значат во борбата за тимската титула.

Нашиот возач е на 7. место во генерален пласман со 78 бода. Досега никогаш не успевал да освои бодови на Спа, па тоа е уште една причина за рушење на традицијата. На патеката што се наоѓа 50 км. јужно од Лиеж сезонава се пријавени рекордни 23 возачи. Тоа е најдолгата патека во календарот на TCR Europe, и долга е 7004 м., а ќе се возач двапати по 8 кругови.

Трката на Спа ќе донесе и нов победник, бидејќи ниту еден од пријавените возачи досега не триумфирал таму. Спа важи за патека која секогаш носи изненадување, некогаш е сончево, некогаш врнежливо – но секогаш предизвик за секој возач.

Колегите на Давидовски од тимот, Франко Џиролами и Том Коронел се на првите две места на табелата кај возачите, а на претходните три од четири трки победија возачите на Comtoyou Racing, по еднаш Џиролами, Коронел и Давидовски.
Македонецот во квалификациите беше десетти, па на втората трка стартуваше од првиот ред. Од почеток до крај беше лидер остварувајќи ја првата победа во ова натпреварување.

За трката на Спа пријавени се и нови возила и возачи. Тимот на RC2 Junior пријави три возила, едното ќе го управува Серхио Лопез а другите две браќата Рубен и Фелипе Фернандез. Сите тројца возеа најмапку по една трка лани. Сега ќе се тркаат со Cupra Leon, што ќе ја возат Серхио Лопез и Фелипе Фернандез, додека Рубенс Фернандез ќе вози Audi RS 3 LMS II TCR.

На Спа ќе дебитира и тинејџерот Марко Бути (17) кој ќе вози во остатокот на сезоната во TCR Europe. Ќе вози Audi RS 3 LMS TCR со кој се тркаше Луис Сидад на првата трка сезонава. Бути доаѓа на вицешампион на TCr DSG Europe 2021, беше и втор на Coppa Italia Turismo 2021 со Hyundai i30 N.

За утре (петок) планирани се слободните тренинзи, а во сабота се квалификациите и првата трка (15 ч.). Втората трка се вози во недела (11,35 ч.)

До крајот на сезоната покрај трката во Белгија треба да се возат и трки на Норисринг (Германија), Нирбургринг (Германија), Монца (Италија) и Барселона (Шпанија).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK