По шесте трки сезонава во TCR Europe што се возеа на традиционални тркачки патеки, викендов првпат најсилното европско натпреварување со турниг возила се сели на градски улици. Норисринг е улична трка што викендов ќе се вози во предградието на Нирнберг, Германија, и ова е првпат TCR Europe да има и улична трка. Тоа е последна трка пред летната пауза која ќе трае до крај на август, по што ќе следат уште три трки до крај на сезоната.
Македонскиот возач Виктор Давидовски со 87 бодови на пет трки и плус една победа има свој придонесе во лидерската позиција на Comtoyou Racing каде неговите тимски колеги Франко Џиролами и Том Коронел се на првите две места во конкуренција на возачи. Тимот на Comtoyou Racing Има 393 бода, пред Volcano Motorsport со 320 бода.
Давидовски по триумфот во Франција, освои уште девет бодови на следната трка во Белгија. Тогаш тимот доби нови возила од Audi па им требаше и малку време да се „наместат“. Сега кога им „легнаа“ веројатно уште подобро ќе згазат на гаста. Нашиот возач е лидер во Diаmond Cup конкуренцијата со 130 бода, пред Евгениј Леонов кој има 93.
„На Норисринг најважно ќе биде сопирањето и забрзувањето. Оној што најдоцна ќе сопира на свиоците ќе има шанса да биде побрз и на излезот. Има само неколку свиоци и ова е улична трка. Досега многумина немаат возено на оваа патека, па немаме доволно податоци и се ќе се базира на тренинзите што ќе ги имаме. Мислам дека таа патека повеќе им одговара на возилата на Hyundai и Cupra, но и ние секако имаме свои адути. Најважно ќе во петок кога се слободните тренинзи да можеме добро да избалансираме се што треба и на инжинерите да им олесниме за сетапот, вели Давидовски за 24ауто.мк.
Патеката Норисринг е долга 2300 метри и планирано е и двете трки да се возат по 24 круга. Патеката е именувана по античкото име на Нирнберг (Норис) за да се избегне забуна со Нирбургринг. Користена за трки со мотоцикли од мај 1947 година, на патеката автомобилските трки станаа негов главен фокус во 1967 година. Сегашниот релативно лесна патека стана постојана во 1972 година, кој се состои од две свиоци базирана на централна трибина со 40.000 седишта.
Во петок се планирани два слободни тренинга. Квалификациите се во сабота на 2 јули во 11,10 часот. Ќе се возат 35 минути, при што првите 12 ќе се борат за пол позиција. Бодови се добиваат во двете сесии од квалификациите.
Истиот ден, во петок треба да се вози и првата трка и тоа со 17,40 часот, при што предвидено е да се возат 24 круга. Втората трка е планирано да се вози во недела попладне од 17 часот. Исто така 24 круга.