Давидовски ќе ја стартува седмата сезона во TCR Europe

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот возач Виктор Давидовски утре ја почнува својата седма сезона во тркачката серија на TCR Europe; и останува нашиот единствен натпреварувач во оваа серија. Почнувајќи од 2017 година кога првпат се појави на патеките на ова европско натпреварување, секоја сезона Давидовски одше чекор напред, и лани се искачи на високото четврто место во генерален пласман.

По четири сезони возење на Honda Civic, и две на Audi RS 3 сезонава Давидовски ќе ја вози моќната Cupra Leon VZ од најновата генерација. И за тимски колега повторно ќе го има Аргентинецот Франко Џиролами, со кого неколку години возеше заедно
Освен со нов автомобил и тим, Давидовски го враќа својот стар клупски колега, но и бројот 110 со кој настапуваше претходно.

Двајцата ќе возат за тимот на Moniau Motorsport каде како трет возач е и младиот Ерик Жене (17) кој е син на познатиот возач Џорди Жене. Иако има 17 години Жене веќе победи на трка на TCR Шпанија во февруари.

Џиролами беше шампион во TCR Europe во 2022 година, а тогаш и Виктор Давидовски имаше одлични резултаи, кога првпат победи на трка во TCR Europe. Тогаш Давидовски првпат возеше и на светскиот TCR шампионат.

Лани Виктор Давидовски ја имаше најдобра сезона во TCr Europe освјувајќи го високото четврто место и 266 бодови. Од 14 трки, само на една не успеа да освои бодови, а еднаш се искачи и на пиедесталот. Го освои и второто место во Diamond Trophy конкуренцијата на „возрасни возачи“

Сезонава конкуренцијата во TCR Europe ќе биде засилена со пет возила на CUPRA Leon Vz, Honda Civic Type R FL5, Audi и Lynk&Co.
Во тимот на францускиот SP Sompetition се враќа шампионот од 2017 година, Орели Компте, со колегата Џовани Скамарди од Белгија.
Сезонава Honda има сериозно возило, и еден од најрепрезентативните автомобили. Има вкупно шест возила во два тима. Шампионот од TCR Јужна Америка ќе вози Honda – Игнацио Моненегро, а исти возила ќе имаат и Унгарецот Леввенте Лосончи, и победникот од Монца и барселона, Рубен Волт.
Нов е тимот GOAT Racing каде исто така ќе има три возила, што ќе ги управуваат Рубен Фернандез, Фелипе Фернандез и Душан Борковиќ.

Пријавени возачи за првата трка на Валелунга
7 – Aurélien Comte (FRA) – SP Compétition – CUPRA Leon VZ TCR
8 – Nicola Baldan (ITA) – Baldan Group by Comtoyou – Audi RS 3 LMS TCR
10 – Viktor Andersson (SWE) – MA:GP – Lynk & Co 03 TCR
11 – Rubén Fernández (ESP) – GOAT Racing – Honda Civic Type R FL5 TCR
19 – Felipe Fernández (ESP) – GOAT Racing – Honda Civic Type R FL5 TCR
21 – Eric Gené (ESP) – Monlau Motorsport – CUPRA Leon VZ TCR
23 – Ignacio Montenegro (ARG) – ALM Motorsport – Honda Civic Type R FL5 TCR
27 – Ruben Volt (EST) – ALM Motorsport – Honda Civic Type R FL5 TCR
34 – Giovanni Scamardi (BEL) – SP Compétition – CUPRA Leon VZ TCR
62 – Dušan Borković (SRB) – GOAT Racing – Honda Civic Type R FL5 TCR
64 – Levente Losonczy (HUN) – ALM Motorsport – Honda Civic Type R FL5 TCR
72 – Franco Girolami (ARG) – Monlau Motorsport – CUPRA Leon VZ TCR
110 – Viktor Davidovski (MKD) – Monlau Motorsport – CUPRA Leon VZ TCR

Саатница
ПЕТОК – 19 април
10,30 ч. – слободен тренинг
15 ч. – слободен тренинг
18,45 ч. – КВАЛИФИКАЦИИ

САБОТА – 20 април
18,05 ч. – ТРКА 1 (15 круга)

НЕДЕЛА – 21 април
15,15 ч. – ТРКА 1 (15 круга)

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK