Иако беше на петтата позиција во првите седум кругови, Виктор Давидовски излета од патеката по контактот што го имапе со Рубен Фернадез на еден свиок. И двајцата завршија во песокта крај патеката што значеше и крај на надежите за освојување бодови на втората трка од TCR Europe што се возеше во Белгија.
Во првите седум кругови Давидовски возеше добри и држеше темпо и изгледаше дека ќе успее да стигне на целта со бодови, па дури и да се обиде да оди некое место повисоко, да се бори за подиум. Но, откако со возилото удри во Фернандез кој тогаш беше трети си ги намали шансите, па и двајцата мораа да се откажат.
Клупскиот колега на Давидовски, Аргентинецот Франко Џиролами заврши на второто место, и собра бодови со кои беше доволно за избивање на лидерското место.
Победник на трката беше Левенте Лосонци од Унгарија кој стана по првпат победува во TCR Europe.
Во генерален пласман води Франко Џиролами со 148 бода, два повеќе од Орелиен Комте и Никола Балдан кој има 123 бода.
Во конкуренција на тимови Monlau Motorpsort има 208 бода, пред ALM Motorpsort кој има 202 и SP Competition со 193 бода.