Datsun од 1970 година продаден за 125.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Редок примерок од моделот 240Z на Datsun е продаден за 124.240 американски долари на аукција организирана од страна на Bring A Trailer.

Оваа јапонска икона датира од далечната 1970 година, а според описот, овој автомобил е реставриран во доцните 90-ти години од минатиот век користејќи оригинални делови. Во својата историјата, автомобилот бил изложен во Музејот на современа уметност во Њујорк, а бил користен и на церемонијата на Јутака Катајама при неговото промовирање во Куќата на славните.

Има поминато само 53.108 километри, а под хаубата располага со 2.4 литарски бензински мотор кој продуцира 151 КС.

Инаку овој модел кој во јапонија е познат и како Nissan S30, започнал да се произведува во 1970 година, а производството на првата генерација траело само три години. Со мали естетски измени овој автомобил се произведувал и продавал се до 1978 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK