Она што и успеа на Dacia Logan им успеало само на малку модели. Истите успеале да предизикаат поместувања на автомобилскиот пазар. Буџетниот седан од Романија стана хит уште при неговата појава во 2004 година, а успехот го потврди и со втората генерација од 2012 година.
И покрај тоа Logan остана со лесно архаична конструкција развиена од Rеnаult Сliо од 90-тите години и промените се неминовни. Третата генерација на моделот ќе биде комплетно различен автомобил, што се гледа дури и од папараци фотографиите на максиранините тест примероци.
Новиот Lоgаn ќе биде поголем од претходниците. Лесната линија на покривот покажува извесно потсетување кон стилот на модерните купе возила со четири врати. Сè уште не е познато како ќе изгледа внатрешноста, но ако се суди по Sаndеrо, на контролната табла ќе се појави таблет. Опремувањето на внатрешноста ќе биде сосема различна.
Според последните гласини новиот Logan ќе биде направен на поедноставна варијанта на платформата СMF-B, вградена во основата на Nissаn Miсrа и нoвoтo Сliо. Движењето на автомобилот најверојатно ќе биде доверено на 1.0-литарскиот атмосферски мотор со три цилиндри и моќност од 65 и 75 коњски сили. Истиот мотор ќе се нуди и со турбо верзија со 100 коњски сили. Dасiа нема намера да се откаже и од дизел верзијата која ќе има две варијанти со 85 и 115 коњски сили.
Третата генерација на Lоgаn ќе биде претставена на саемот во Париз во октомври, а продажбите ќе почнат на крајот на годината или почетокот на 2021 година.