Данска планира да ги забрани и хибридите!

ОБЈАВЕНО НА:

Амбициозен план има владата на Данска со тоа што планира од 2035 година сите автомобили во земјата да бидат електрични. За таа цел планира од 2030 година да ги забрани автомобилите на бензин и дизел, а од пет години подоцна и оние на хибриден погон.

Со овој план, Данска се придружи на меѓународните напори за промовирање на целосно електричните возила кои имаат за цел драстично да се намали загадувањето на воздухот и да влезе во сериозна борба против климатските промени, пренесува Ројтерс.

Оваа одлука на владата на Данска следи откако пред две години се најде на остра критика поради зголемувањето на данокот за електрични автомобили што придонесе за драстичен пад на продажбата на електричните автомобили во однос на претходната година. Сепак по само две години одлучено е да се напушти оваа деструктивна политика за демотивација за купување на нови електрични автомобили.

“Ова е голема амбиција која ќе биде тешко да се оствари, но мораме да ја испробаме” изјави премиерот на Данска, Ларс Локе Расмусен во однос на оваа стратегија. Инаку Данска е само една во низата на земји која ја поддржаа оваа стратегија. Претходно слична стратегија усвоија уште и Франција, Велика Британија и Шведска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK