Дамите бираат – женски автомобил на годината 2021

ОБЈАВЕНО НА:

Организаторите на конкурсот Женски автомобил на годината во светот (WWCOTY) ги објави имињата на финалистите, кои ќе се натпреваруваат за наградите во новите одделни категории на натпреварот и еден од нив ќе може да се пофали со победа на крајот.

Новиот чекор во конкурсот, кој се воведува од оваа година за членовите на жирито, во кое се вклучени 48 професионални новинарки од 38 земји е определувањето на финалните тројки во деветте категории.

Победниците ќе бидат познати на крајот на февруари, а генералниот победник е биде автомобилот кој успеал да собере најмногу поени, независно од категоријата.

Финалисти по категории

-Градски автомобил- Peugeot 208, Toyota Yaris и Honda Jazz

-Семеен автомобил- BMW 4Series, Skoda Octavia и Audi A3

-Луксузен автомобил- Mercedes S-Class, Lexus LC500 Cabrio и Rolls-Royce Ghost

-Спортски автомобил- Ferrari F8 Spider, Maserati MC20 и McLaren GT

-Градски SUV – Peugeot 2008, Renault Captur и Kia Sonet

-Средноразмерен SUV – Land Rover Defender, Mercedes-Benz GLA и Hyundai Tucson

-Голем автомобил- Kia Sorento, Ford Explorer и BMW X6

– 4×4 и Пикап- Ford F-150, Mitsubishi L-200 и Chevrolet Silverado

-Електромобил- Honda e, VW ID.3 и Polestar 2

Следете не и на:

24AUTO NETWORK