ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Во овие земји цената на бензинот е највисока

ОБЈАВЕНО НА:

Со пресек на цените на 25 јануари 2021 година, најскап бензин во светот може да купите во Сирија. Во оваа блискоисточна земја, цената за еден литар изнесува 2.524 американски долари.

Така, за да наполните цел резервоар од 55 литри потребни ќе ви бидат 139 долари односно 7.070 денари што е половина од најниската плата во Република Македонија.

Причината за волку високата цена е војната во која се наоѓа Сирија, а која трае со години поради што се нарушува снабдувањето на бензинските станици со гориво. Па токму поради големата побарувачка, а помалата понуда, но и економските текови, Сирија се најде на првата позиција на оваа листа и покрај тоа што поседува бројни наоѓалишта за нафта.

Со цена од 2.360 долари за еден литар, на втората позиција се наоѓа Хонг Конг додека на третата позиција е Централната Африканска Република каде цената за литар изнесува 2.037 долари. Најскапо во Европа, бензинот се продава во Холандија и тоа 1.980 долари за литар. Од четвртата позиција, на која се наоѓа Холандија па се до десетата се наоѓаат земји од Европската Унија.

Така листата на топ 10 земји со најскап бензин ја сочинуваат уште и Норвешка, Финска, Грција, Монако, Данска и Португалија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK