Од 2020 година овој знак беше воведен на германските патишта. Дополнителниот знак означува заедничко патување со најмалку три лица во возилото и, следствено, придобивките што ги имаат овие возачи и патници.
Така, на возилата со најмалку три лица треба да им се дозволи да ја користат автобуската лента или лентата за такси, односно многу побрзо пристигнување на дестинацијата, пишува t-online.de.
Доколку возачите ја користат оваа лента, а во автомобилот нема вкупно три лица, прекршокот ќе биде казнет со глоба од 55 евра.
Целта беше да се намали индивидуалниот сообраќај и да се промовира здружувањето со автомобили.