Денес се спроведуваат најразлични тестови и испитувања на автомобилите. Убедливо најпознат е оној за тестирање на безбедноста и сугурноста – Euro NCAP краш тестот. Покрај овој, помалку познат, но не и помалку важен е Green NCAP.
Станува збор за програма која се спроведува во Европа, а во соработка со повеќе европски влади. Лани имаше повеќе тестирани возила, а во оваа 2020 година се уште нема направено тестови пред се поради ситуацијата со корона пандемијата.
Целта е да се утврди нивото на загадуваање на секое возило кое се продава на “Стариот континент”. И на овој тест, исто како и кај Euro NCAP краш тестот, возилата добиваат од една до максимални пет ѕвезди, а тие се добиваат врз основа на скорот остварен на два индекси: Индекс на чист воздух и Индекс на енергетска ефикасност.
Првите тестови се направени минатата година, а се тестираат сите возила, без разлика дали се опремени со дизелски или бензински мотор, хибридни, целосно електрични или на ЦНГ.
Некои од резултатите од 2019 година