Многу често само влегувате во возилото, го ставате клучот и тргнувате без притоа да внимавате или да проверите дали е сѐ во ред со возилото. И на патување ви пукне гумата. Знате ли како треба да реагирате во таа ситуација? Важно е да знаете како треба да реагирате бидејќи ова може да ви се случи и при помала брзина, но и на автопат кога возите со над 100 км/ч. А секоја погрешна реакција може да значи и проблем.
Ако успеете да препознате дека гумата полека губи од притисокот тогаш е многу полесно. Кога ќе почувствувате дека воланот е тежок за управување, можеби и притоа се слушале и некој необичен звук од надвор, тешко се движи возилото. Ако возите брзо, најважно е да не сопирате нагло. Тоа треба да се направи лесно, без ненадејни сопирања бидејќи единствено така можете автомобилот да го сопрете.
И кога притискате на педалот за гаста треба да бидете смирени, со умереност. Така и автомобилот полека сам ќе сопре, во должина од неколку стотина метри. Важно е постепено да се намалува брзината бидејќи така се намалува можноста за превртување на пат. Токму поради можноста од разни дефекти што може да се случат се препорачува да возите на пат онолку колку што е предвидено според патната сигнализација.
Доколку временските условите се различни, па има и дожд, снег или ветер секако дека тоа може да значи и поголеми проблеми ако ви пуне гумата. Но, важно е да не се паничи и да се обидете полека да го сопрете возилото, секако без нагло сопирање.
Кога ќе застанете, важно е тоа да биде настана од патот, по можност на паркинг или трета лента. Возилото треба да се обележи дека е во дефент, а вие да го облечете флуоресцентниот елек што секако треба да го имате во возилото. Така и другите учесници во сообраќајот ќе знаат дека имате дефект и ќе бидат претпазливи.
А потоа побарајте ја резервната гума во багажникот. Таму сигурно треба да имате тркало што ќе треба да го ставите на местото на оштетеното. Користете ја дигалката што ја имате, и се разбира клучевите за одштарфуфање на тркалото.
Потоа, не заборавајте оштетената гума да ја оспособите за користење, или пак да купите нова.