Дали знаете која е првата земја што воведе регистарските ознаки на возилата?

ОБЈАВЕНО НА:

Во милионите автомобили, со иста боја, каросерија и други детали, вашиот автомобил ќе го прпознаете единствено според регистерската табличка. Таа е начин за идентификација на возилото што се дрижи во сообраќајот.

Првата земја која ги воведе регистарските таблички била Франција и тоа во далечната 1893 година. Потребни биле дури три години за уште една европска земја да ги воведе како задилижителни. Станува збор за Германија, а во 1898 година биле воведени и од страна на Холандија.

Во наредните пет години започнало се повеќе да се користат овие таблички. Така до 1910 година овие таблички биле воведени и од страна на Шпанија, САД, Италија, Австрија, Швајцарија, Белгија…

Првата стандардизација на регистарските ознаки и таблички се случила во 1957 година кога со мултилатерален договор бил дефиниран изгледот и големината на табличките. Тогаш се дефинирани три големини на табличките, а во Европа најмногу се користат табличките со должина од 52 цм и ширина од 11 цм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK