Дали знаете кога е издадена првата возачка дозвола на светот?

ОБЈАВЕНО НА:

Без тоа парче хартија не е возможно легално да управувате автомобил. Ако го немате тогаш се соочувате со големи казни. Сигурно погодувате – се работи за возачка дозвола. Дали знаете кога и на кого е издадена првата возачка дозвола?

Така првата возачка дозвола е издадена уште во 1888 година, а ја добил Карл Бенц, човекот кој со Готлиб Дајмер го создаде еден од најреспектираниот производител на автомобили во светот.

Оваа дозвола била издадена од локалната власт во Манхајм со цел да го тестира неговото тест возило. Истата оваа возачка во моментов е изложена во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт.

Инаку во Франција првата возачка дозвола е издадена во 1899 година, а пет години подоцна и во Велика Британија и САД. Задолжителните возачки дозволи во Германија се воведени во 1909 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK