Дали знаете: Автомобил паркиран час време на сонце е опасен по живот

ОБЈАВЕНО НА:

Секоја година се забележуваат неколку случаи на деца или домашни миленици кои починуваат поради преголема жештина во автомобилите, а научниците од Аризона после експерименти докажаа како може да се постигне опасна температурата во возилото после само еден час стоење на сонце. Сепак, опасност постои дури и да се паркира под сенка.

Температурата на телото кај двегодишно дете оставено во автомобил може да се зголеми до 40 степени после само еден час, а тоа може да допринесе за топлотен удар, тврдат научниците од Arizona State Universityja (ASU) кои направиле испитувања на температури меѓу 36 и 41 степен за да утврдат колку брзо можат да се загреваат возилата.

За тоа користеле шест автомобили со различна големина и боја кои биле паркирани и се движеле на сонце. Резултатите покажале дека помалите возила многу побрзо се загреваат, а после еден час кај сите возила е забележана температура од 47 степени.

Под сенка просечната температура била околу 40 степени, но после два часа била еднакво опасна како и на сонце. Покрај тоа научниците покажале дека автомобилите на сонце се загреваат до 52 степени после еден час, додека контролната плоча се грее и до 69 степени.

Истражувањето покажало дека дури „и паркирањето на возилото во сенка може да биде смртоносно за мало дете“. Дишењето во автомобилот е дополнителен ефект поради поголема влажност во воздухот, поради што е тешко да разладите.  Воедно се вели и дека многу страдаат и на температури под 40 степени. Се истакнува дека некои жртви на топлотен удар можат да имаат трајни последици за мозокот и другите органи.

Затоа внимавајте кога управувате возило а температурата надвор е многу висока.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK