понеделник, 25 декември, 2025 година

Дали Tesla е преценета: Елон Маск смета дека 50 милијарди се многу

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Сопственикот на Tesla, Елон Маск смета дека пазарната вредност на компанијата која се проценува на повеќе од 50 милијарди долари е превисока. Ова го изјави за време на дискусијата околу извештаите за стресот на вработените со кој се соочуваат во фабриката во Калифорнија.

Според извештаите во фабриката имало повеќе од 100 повици кон брзата помош од 2014 година кога е отворена, а работниците се соочувале со болки во градниот кош, проблеми со дишењето и несвестици. Стотици други повици до брзата помош биле регистрирани поради други основи.

- Advertisement -

Според Маск вработените работат многу напорно, но и покрај долгиот работен ден компанијата не штети на безбедноста.

„Верувам дека вредноста е повисока отколку што навистина вредиме. Ние сме компанијата која многу троши, изјавил Маск.
„Ова не е некоја ситуација во која, на пример, ние сме само алчни капиталисти кои одлучиле да штедат на безбедноста, со цел да имаат повеќе профит и дивиденди, и тој вид на работа. Прашање е колку пари ќе се изгуби. И како да се преживее? Како ние да не умреме и да се загубат работните места?

Работниците се жалат дека условите за работа се лоши, бидејќи има високи норми за постигнување, а некои работници тврдат дека нивни колеги починале на лентата, а другите морале да продолжат на работат и покрај тоа.

Планот на Маск е да произведе 500.000 возила во 2018 година, 495 отсто повеќе отколку во 2016 година.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја