Дали сте знаеле!? Првиот светски собир на Citroen се одржал во Југославија

ОБЈАВЕНО НА:

Малку познат факт е дека првиот светски собир на вљубеници на Citroen автомобилите е одржан во 1973 година во Пореч, Југославија. На овој собир учествувале 750 Citroen автомобили од 18 европски земји.

За масовноста на овој собир не збори само бројот на автомобили учесници туку и на тоа што собирот го следеле 35 странски новирани, 48 претседатели и претставници на клубови од повеќе земји.

Интересен факт што остана забележан во историјата е дека најдолгиот пат за учество на овој собир извозел Монтеиро Карлос Хозе Кања од Португалија кој извозе близу 5.000 км.

Инсерти од овој собир можете да погледнете во продолжение.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK