ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Марадона возел Fiat 128 (фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Беше фудбалски бог а по него тагува целиот свет. За Диего Армандо Марадона целиот свет зборува и се присетува. Секоја приказна поврзана со Аргентинецот е интересна, а некои од нив малкумина ги знаат. Беше доволно богат да може да поседува каков сака автомобил, и такви имаше. Но, малкумина знаат дека еден од првите автомобили на Марадона бил моделот – Fiat 128.

А тој модел беше многу популарен и во СФРЈ. Ова е вистина. Возилото било купено кога Марадона дошол во Барселона во 1982 година. Тогаш го купил автомобилот. Со тој потег Марадона сакал да покаже дека не „трча“ по луксуз или престиж, и купувал автомобили што му одговарале.

Сепак во својот живот имал и други „нормални“ возила, како што се Renault Fuego, Ford Siera и Mini Cooper. За тоа дека навистина поседувал Fiat 128 говори и сообраќајната дозвола која е сочувана и каде ги има сите детали.

Во Аргентина пак првото возило на Марадона бил моделот Porsche 924 кој бил купел како половен. Сепак многу се зборувало за моделот Ferrari што го имал кога дошол во Италија во Наполи.

Сакал црно Ferrari. Му објаснувале дека Ferrari Може да биде само црвен, па дури и Енцо Ферари му објаснувал дека црната боја не оди со тој автомобил, но Аргентинецот не сакал да слуша.

И на крај добил модел Testarosa сепак во црна боја.

Во 1979 година Марадона поседувал Porsche 924. Меѓу возилата што имал Марадона се црната Testarossa што ја купил во 1987 година во Неапол. Имал поминато само 20.000 км. Тоај бил вториот црн модел што бил продаден и произведен во Маранело. Првиот модел му бил продаден на Силвстер Сталоне.

Во 1990 година ги имал моделите од Маранело, и тоа F40 и 355. Потоа во неговата гаража имало дури и Renault 5 Turbo. Со сина боја како што е клупската на Наполи, доаѓа и моделот Peugeot 205 Cabrio. Кога пристигна во Белорусија да биде претседател на Динамо Брест имаше огромно оф роуд возило, вистински ѕвер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK