Дали сте провериле: Што треба да имате во кутијата за прва помош?

ОБЈАВЕНО НА:

Кутијата треба да биде во правоаголна форма. Најдобро е да биде изработена од материјал кој е отпорен на бензин и дизелско гориво, а бојата, натписот и ознаката треба да се отпорни на механичко отстранување. Стандардите се во зависност од намената и тие се менуваат со текот на времето.

Сега во време на пандемијата на корнавирусот сигурно сите имаме некое средство за дезинфекција на рацете, алкохол или гел. Некогаш додека возите може да бидет сведоци на несреќа кога е потребно да им се помогне на настраданите. Или едноставно вие ќе се повредите при промена на гума или додека се одмарате. Затоа треба во возилото да имате кутија за прва помош во која треба да има соодветни материјали што може да ви притребаат.

Ако има несреќа задолжително и повредениот се наоѓа во безсвесна состојба и не дише известете ги службата за итна медицинска помош, полиција и против пожарната служба на броевите 194, 192 и 193 и побарајте помош.

Основно е во секоја кутија за прва помош да има:
 Стерилни гази, во различна големина – директно се користат за покривање на раните и изработка на
компресивни преврски.

 Вата
– не се поставуваат директно на раната. Се користи при компресивни преврски и имобилизација.

 Завои, со различна ширина
– служат за прицврстување на стерилната газа при преврзувањето или при запирање на крварењето, за изработка на компресивна преврска и за имобилизација

 Најмалку 2 триаглести марами
– се користат за преврзување, за имобилизација и за сопирање на крвавење со подврзување

 Пакување на ханзапласт во различни димензии
– за покривање и спречување на инфекција кај помали рани

 Леплива трака (фластер)
– се користи за прилепување на стерилна газа, завршување на преврска, облепување на поливинилска фолија и сл.

 Полиетиленска фолија
– се користи при отворени повреди на граден кош

 Безопасни игли
– за завршување и прицврстување на преврска, марама или дел од облека

 Ножички или заштитен жилет
– за сечење на завои, леплива трака, дел од облека и сл.

 Стерилни ракавици за еднократна употреба
– за заштита од болести што се пренесуваат преку крв и телесни
течности

 Специјално пластично шамивче со вентил за вештачко дишење
– за да се спречи пренос на инфекција при изведување на вештачко дишење

Стерилни ракавици и специјалниот вентил за вештачко дишење не се содржени во постоечките препишани стандардни средства, но нивната потреба е очигледна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK