Дали кинеските автомобили се доволно безбедни за освојување на европскиот пазар?

ОБЈАВЕНО НА:

Бројни кинески прозиводители ги покажаа своите амбиции за освојување на европскиот пазар. Последен во низата беше производителот Aiways кој на минатогодишниот саем во Франкфурт испрати конвој од модело U5 кој помина над 15 илјади километри.

Привлечен дизајн, напредна технологија, но не и доволна безбедност. Барем според краш тестовите на Euro NCAP.

Кинеските автомобили на овој европски тест за безбедноста може да се каже дека во целост потфрлија. Последнот тестиран автомобил Aiways U5 оствари само три од максималните пет ѕвездички за безбедност и сигурност.

Geely Emgrand EC7 во 2011 година се покажа за нијанса побезбеден автомобил освојуваќи една ѕвездичка повеќе. Landwind CV9 доби само две ѕвездички. Најдобар скор остови Qoros 3 Sedan кој во 2013 година освои максимални пет ѕвезди при тоа остварувајќи одлични поединечни перформанси во сите четири параметри.

Останува во наредниот период инжинерите на кинеските производители да поработат малку повеќе на безбедноста.

Инаку релативно новоформираните кинески производители во последните години активно ангажираат европски експерти и успешно ги “крадат” инжинерите на европските производители со цел да го унапредат своето производство. Оттука за очекување е во наредните години дел од нив навистина да ги реализираат своите амбиции за освојување на европскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK