Дали е ова новиот Seat Leon?

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за во септември во рамките на саемот за автомобили во Франкфурт, Carscoops објави рендер од можниот изглед на оваа нова генерација.

За очекување е Seat кај овој модел да ја примени дизајнерската филозофија палицирана кај моделот Tarraco. Тоа особено може да се утврди кај предната маска како и предните светла.

Новата генерација доаѓа со поголема должина, со додадени неколку милиметри во ширината, со зголемено меѓуоскино растојание, но и далеку полесен од актуелниот модел чија тежина изнесува 1.165 килограми.

Од претходно е познато и дека овој модел се базира на MQB платформата, а покрај основните бензински и дизелски мотори, во понуда ќе се најде и во хибридна и електрична изведба која ќе биде лансирана година-две по премиерата на основниот модел.

Што се однесува до историјaта на овој модел, тој е воведен во 1998 година. Оваа прва генерација во целост била дизајнирана од италијанецот Џорџето Џуџаро што придонело да добие неколку награди за автомобил на годината во повеќе европски земји.

SEAT Leon

Во мај 2005 година е лансирана втората генерација која на пазарот се задржува до 2012 година. Последната и актуеллна генерација е лансирана 2012 година. Дизајнот е дело на Алехандро Месонеро Романос, а истиот овој автомобил се темели на MQB платформата која ја користат повеќе модели на Volkswagen Групацијата.

Со новата генерација, Seat, а со тоа и Volkswagen Групацијата силно ќе го нападне сегментот каде во моментот се наоѓаат Ford Focus, Mazda3, Hyundai I30, Opel Astra, Honda Civic, Peugeot 308, Kia Ceed и Toyota Corolla.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK