Дали е ова новата Honda CR-V?

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелнaта петта генерација на моделот Honda CR-V во септември 2019 година доби мал фејслифт. Сепак и покрај тоа оваа генерација е веќе безмалку пет години во понудата на јапонскиот производител.

Во насока на зачестените шпекулации за новата генерација специјализираниот сајт за автомобилизам Carscoops објави фотографии од максиран SUV модел за кој наведува дека е всушност наследник на петтата генерација на CR-V.

Од предните светла може да се “намириса” дека новиот CR-V е инспириран од дизајнот кој е применет и кај новата генерација на Honda Civic. Во однос на останатите технички карактеристики, истите се на ниво на шпекулации. При тоа се потврдува и целосно електрична верзија.

CR-V кој во Кина е познат и под називот Breeze во понудата на јапонскиот производител се наоѓа уште од 1995 година. Овој модел при тоа е најпродаваниот SUV на Honda. Актуелната генерација се произведува во 10 земји ширум светот и тоа: Јапонија, САД, Канада, Мексико, Кина, тајван, Тајланд, Малезија, Индонезија и Индија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK