Германскиот производител Volkswagen за јужноамериканскиот пазар го претстави пик-ап автомобилот Saveiro. Се работи за модел кој се базира на Volkswagen Gol кој исто така се продава исклучиво на американскиот пазар.
Она што предизвикува особен интерес е цената на овој автомобил. Така почетната цена, за основната верзија, изнесува 9.100 евра што го прави најевтин нов автомобил на Volkswagen. Сепак истиот може да се купи само во земјите од Централна и Јужна Америка.
“Колку пари – толку музика” па така за овие пари добивате автомобил со 14 инчни тркала со челични фелни и раткапни, внатрешност без радио, 5 степен мануелен менувач и мануелно отворање на стаклата.
Со доплата од 1.050 евра добивата и мануелна клима, електрични прозори, клучеви со централно заклучување и заштитна мрежа на задното стакло.
Далеку поскапи се и верзиите со понапредна верзија и помали екстериерни измени. Така Saveiro Cross верзијата доаѓа со т.н. lifestyle изглед, значително побогата опрема, а цената започнува од 14.500 евра.
Што се однесува до самиот автомобил, истиот е со должина од 4,45 метри и се базира на A0 платформата на Volkswagen. Во однос на мотористиката, достапни се три мотори:
- 1.0L VHT со 72 КС и максимални 3,850 rpm
- 1.6L VHT со 101 КС (75 kW) и максимални 2,500 rpm
- 1.6L MSI со 110 КС (82 kW) и максимални 3,000 rpm