Релито Дакар се сели на друг континент

ОБЈАВЕНО НА:

Најпопуларното рели натпреварување Дакар е пред напуштање на јужноамериканскиот континент и преселба на друг.

Причините за ова е тоа што се губи популарноста и поддршката за ова рели во Јужна Америка. Доказ за тоа е и последното издание кое се возеше само во една земја односно само во Перу откако Парагвај, Аргентина и Боливија не покажаа интерес за ова натпреварување.

Oва рели кое е познато и како Париз-Дакар, за прв пат се одржа во 1979 година. Во моментов се шпекулира за можно враќање во Африка каде последен пат се возеше во 2007 година, а година подоцна и не се одржа поради безбедносни ризици.

Исто така голем интерес покажува и Саудиска Арабија од каде има интерес во 2020 година да се вози само во оваа земја, а потоа да се вклучат и околните земји како што се Оман, Јордан, Египет, ОАЕ и Бахреин.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK