По притисок на акционерите, управниот одбор на Daimler донесе крупна корпоративна одлука со која се изменува организацијата и корпоративното управување.
Имено, во моментов, Daimler AG под својата капа во моментов има бројни компании, а заедно под оваа компанија се управуваат Mercedes-Benz и Daimler Trucks. Со цел подобро искористување на ресурсите, остварување подобри финансиски резултати и побрзо постигнување на нулта-емисијата на гасови на ниво на компанија, одлучено е овие две компании да станат посебни правни ентитети.
„Mercedes-Benz Cars & Vans и Daimler Trucks & Buses претставуваат различни деловни ентитети со специфични групи на купувачи, технолошка насоченост и капитални потреби, изјави Ола Каленијус, претседател на управниот одбор на Daimler и Mercedes-Benz. “Двете компании делуваат во области кои се соочуваат со големи технолошки и структурни промени” додаде тој.
Со новиот план, Daimler станува Mercedes-Benz, а одделот за дизајн, развој и производство на камиони ќе добие нова компанија.