Dr. Dieter Zetsche, Vorstandsvorsitzender der Daimler AG und Leiter Mercedes-Benz Cars, bei der Daimler Hauptversammlung 2016 Dr. Dieter Zetsche, Chairman of the Board of Management of Daimler AG and Head of Mercedes-Benz Cars, at the Annual Meeting 2016

Daimler прекина со активностите во Иран

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили и камиони, Daimler објави дека се откажува од плановите за ширење во Иран. Решението на компанијата е како резултат на враќањето на санкциите на САД против Техеран.

Во соопштението на Daimler стои дека тие ги прекратиле акциите бидејќи биле ограничени во своите дејности во Иран поради наложените санкции.

На почетокот на 2016 година компанијата од Германија создаде локална компанија со иранскиот автопроизводител и трговец Iran Khodro Co. Целта беше производство и дистрибуција на камиони Mercedes-Benz во земјата. Daimler дури планираше да отвори и свое претставништво во Техеран.

Решението на германскиот производител е изненадувачко. Истовремено со првиот пакет американски санкции против Иран во сила влезе и регулативата за блокирање на Европската унија, кој им овозможува на европските компании да ги игнорираат активностите на Вашингтон против Блискиот исток.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK