Dr. Dieter Zetsche, Vorstandsvorsitzender der Daimler AG und Leiter Mercedes-Benz Cars, bei der Daimler Hauptversammlung 2016 Dr. Dieter Zetsche, Chairman of the Board of Management of Daimler AG and Head of Mercedes-Benz Cars, at the Annual Meeting 2016

Daimler предвидува помала заработувачка годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската мултинационална компанија со седиште во Штутгарт, објави дека проектираната заработка за оваа деловна година значително ја намалува. Како што соопштуваат германските медиуми, најголемо влијание врз ваквата проекција има зголемувањето на кинеските тарифи на увоз на автомобили од САД, но и воведувањето на дополнителни тарифи од страна на САД за производителите од Европа.

Поради ова, како што соопштуваат од компанија, се чекува намалување на продажбата на SUV возилата и зголемување на трошоците на Mercedes-Benz која е најзначајната автомобилска дивизија во Daimler. Оттаму порачуваат дека овој негативен ефект не може во целост да биде надоместен со преусмерување на возилата на другите пазари.

Од Daimler исто така соопштуваат дека приходите на Mercedes-Benz од продажбата на комби возила ќе бидат исто така значително намалени поради стопирање на продажбата на овие возила во дизелска верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK