За прв пат во историјата Daimler ќе произведува AMG автомобили надвор од Германија, потврдуваат од страна на германскиот производител.
Daimler наведува дека за потребите на кинескиот пазар во близина на Пекинг до крајот на годината ќе започне производството на AMG изведбата на моделот А35.
Во моментов во Кина еден од најпопуларните модели е AMG A45 кој се произведува во Германија, па со цел да се намалат логистичките трошоци, а истовремено да се искористат локалните ресурси, германскиот производител се одлучи да го произведува наведениот модел во Кина.
AMG A35 ќе располага со 2.0 литарски четирицилиндрен мотор кој ќе продуцира 302 КС што е за 74 КС помалку во споредба со A45. Со ваквите технички карактеристики од Daimler се убедени дека ќе успеат да ја зголемат популарноста на овој модел, особено со пониските продажни цени.