Daimler и Volvo се здружија – заедно ќе произведуваат камиони и автобуси на горивни келии (хидроген)

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов над 85 отсто од тешките товарни возила и автобусите користат дизел, а Daimler и Volvo решија да ги здружат силите и заеднички да направат компанија што ќе работи на производство на камиони и автобуси што ќе користат горивни келии (хидроген). Двете компании ќе вложат по околу 600 милиони евра за да може да работат на развој на алтернативни горива како дел од европскиот зелен план за Европа ослободена од јаглерод до 2050 година.

Тоа значи дека компанииве веруваат дека токму хидрогенските горивни келии се иднината и ќе работат на развој на технологија што треба да биде лесно применлива, а исто така и на развој на соодветната инфраструктура.
Сериското производство на камиони и автобуси се очекува по 2025 година.

Вложувањето во овој план е нешто различно од нивните секојдневни цели, и компаниите ќе продолжат да бидат конкуренти н адругите полиња. Сепак здружувањето ќе значи намалување на времето и цената на развојот на новата технологија.

Во ова ќе биде вклучена и целата групација на Daimler односно експертите од Mercedes Benz Fuel Cell GmbH кои две децении имаат искуство во ва поле. Конечната спогодба за соработка с еочекува да биде потпишана во третиот квартал од годината. Заедничката фабрика ќе биде во Наберн, германија а производните капацитети во Германија и во Канада.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK