Откако се повлече од европскиот пазар многумина заборавија на Daihatsu, но Јапонците работат на два нови модели. Сега на саемот во Џакарта, Индонезија ќе промовираат два концепи, миниван DN Multisix и седан со купе форма DN F-Sedan.
И миниван DN Multisix кој ќе биде со шест седишта, и седанот DN F-Sedan ја користат истата платформа со преден погон. Двата концепти имаат широка решетка на ладилникот, истакнати фарови, аголни долни воздух, непречен премин на покривот кај ветробранското стакло, фини странични ретровизори и отворање на задната вратаат од предниот дел каде што е предната врата. Интересно е што концептите ја имаат ознаката Did Not Finished, што укажува вистински на тоа дека се концепти и дека допрва ќе има промени.
Концептниот седан е долг 4.200 mm, широк 1.695 и висок 1.430 мм. Меѓуоскиното растојание е 2.510 мм. Моторот е 1,2-литарски бензински четирицилиндричен што работи во комбинација со вариоматик.
Ова е само еден дел од тоа како Daihatsu гледа на иднината. Тие се 110 години стара компанија која произведува возила со погон на внатрешно согорување. Сега покажуваат дека се спремни и за иднината.