Dacia со нови мотори за Duster и нови SUV модели

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот производител Dacia кој функционира во рамките на Renault Групата го објави стратешкиот план за следните неколку години.

Според романските медиуми компанијата во наредниот план ќе инвестира 100 милиони евра од кои 25 милиони ќе бидат дадени од страна на владата на Романија, а целта е да се зголеми годишното производство за 50 илјади единици така што веќе следната година се очекува во оваа земја да бидат произведени 400 илјади Dacia автомобили.

За таа цел компанијата ќе воведе неколку нови мотори за моделот Duster и тоа еден дизелски, еден бензински, а се шпекулира дека ќе биде лансирана и електрична изведба која треба да биде ценовно конкурентна во однос на постоечката понуда на електрични автомобили.

Според генералниот менаџер на Renault Romania, Кристоф Дриди, Duster ќе добие и неколку “роднини”. Иако не откри за тоа какви роднини станува збор се шпекулира дека всушност под Dacia во наредниот период ќе биде лансиран уште еден SUV како и пик-ап модел чиј рендер беше објавен на интернет уште минатата година.

Новиот SUV треба да биде поголем од Duster и најверојатно ќе го носи називот Grand Duster, а ќе биде многу поевтина верзија од на пример Hyundai Santa Fe.

Деталниот план за идното дејствување на брендот ќе биде објавен до крајот на годината кога ќе се знаат многу повеќе информации околу идните модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK