Dacia Sandero доби уште една врвна меѓународна награда откако ја освои конечната победа во годишното рангирање на автомобил на годината на магазинот од островот What Car?
Sandero, кое стартуваше со цена од 7.995 фунти е најевтиниот нов автомобил, кој може да биде купен на територијата на Велика Британија. Истиот ја освои престижната награда за верзијата Sandero 1.0 TCe 90 Comfort, кој е достапен за купување за 11.595 фунти.
„Цената на Sandero е тешко разбирлива, со оглед на тоа што нашите стручни тестови покажаа дека тој е еквивалентен или подобар од повеќето негови поскапи конкуренти. Во очите на нашите тест тимови, тоа се одликува како неверојатно простран, удобен и како таков со пакет модерни системи за помош на безбедноста и технологијат“, коментираат од What Car?.
„Во позадина на исклучително тешката година и со многу тежокразвој во економски поглед, Sandero е перфектен нов автомобил во моментов“, додаваат од What Car?, разлика во чие рангирање добива и Duster во категоријта „Најдобар семеен теренец како сооднос понуда-цена.