сабота, 25 декември, 2025 година

Dacia Sandero наскоро и со хибриден погон

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Моделот Dacia Sandero, едно од најпродаваните возила во Европа, наскоро би можел да добие и хибридна верзија. Потпретседателот за продажба и маркетинг на Dacia, Франк Маро, изјави за британскиот Auto Express дека компанијата е „целосно посветена на електрификацијата на сите сегменти“ и најави дека во наредните месеци ќе бидат објавени повеќе информации, особено за сегментите во кои Dacia моментално нема понуда.

Изјавата беше дадена за време на онлајн презентација поврзана со финансиските резултати на Dacia за првата половина од 2025 година, период во кој компанијата продала 356.084 возила ширум светот.

- Advertisement -

Иако деталите за електрифицираниот Sandero сè уште не се целосно откриени, Маро нагласи дека Dacia напредува стабилно во насока на електрификација.

Уште на почетокот на годинава, извршниот директор на Dacia, Денис Ле Вo, најави дека Sandero ќе може да го добие хибридниот погонски систем од моделот Jogger. Бидејќи двата модели се технички блиски, преносот на технологијата е релативно едноставен. „Jogger и Sandero, од предниот дел до Б-столбот, се речиси идентични. Инвестицијата се однесува само на задниот дел кај Jogger“, објасни Ле Во.

Тој додаде дека ваквиот пристап, кој се базира на заеднички платформи од Renault групацијата, ѝ овозможува на Dacia ефикасно да креира нови модели без потреба од големи вложувања.

На прашањето дали Sandero ќе го добие 140-коњскиот хибриден систем од Jogger, Ле Во одговори јасно: „Да, ќе дојде еден ден.“ Судејќи по изјавите на Маро, тој ден е многу блиску – се очекува претставувањето на хибридниот Sandero да се случи пред крајот на 2025 година.

Дополнително, Маро потврди дека е во тек развојот на ново електрично возило на Dacia – замена за малиот модел Spring што се произведува во Кина. Компанијата, како што рече, е „посветена на зголемување на својот удел во електричниот сегмент“ и новитетите во оваа област нема да доцнат.

Dacia полека, но сигурно го проширува своето портфолио на електрифицирани модели, задржувајќи го при тоа својот препознатлив пристап: едноставни, достапни и практични автомобили за пошироката публика.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја