Поради зголемената продажба, но и новите модели во понудата, Renault Group направи измени во поглед на производствениот план на Dacia.
Така, производството на новата, трета генерација на моделот Sandero ќе се спроведува в фабриката на Renault Group во Казабланка, Мароко.
Со ова, по долги години овој модел прекинува да се произведува во Миовени, Романија, фабрика во која ќе продолжи производството на другите и нови модели на романскиот производител.
Актуелната втора генерација на овој модел се произведува во седум фабрики ширум светот лоцирани во исто толку земји: Романија, Бразил, Аргентина, Колумбија, Мароко, Алжир и Русија. Во дел од овие земји Sandero се продава под брендот на Renault.