Dacia не би била повеќе Dacia – Sentry може да донесе еволуција на романскиот производител

ОБЈАВЕНО НА:

Името Dacia само по себе асоцира на евтини и автомобили со едноставен и непривлечен дизајн. Во последно време тоа е бренд кој нуди „квалите за парите“, но е далеку од собирање воздишки од луѓето.

Овој стереотип се провлекува од години наназад секако, неправедно. Но овој стереотип би можел наскоро во целост да исчезне доколку се реализира планот на романскиот дизајнер Тикарат Александру Цалин.

На интернет платформата behance овој Романец ги претстави рендерите за моделот Sentry за кој е инспириран од моделот Dacia 1300 од 1969 година.

Замислен како целосно електричен автомобил за овој автомобил се вели дека е Taycan за сиромашни. Но и покрај тоа, вистина е дека дизајнот е одличен, привлечен и спортски. Дизајнерот наведува дека должината на овој автомобил изнесува 5.040 мм, додека пак меѓуоскиното растојание 2.851 мм.

Рендерот предизвика позитивни реакции кај романските љубители на Dacia, кои се организираат да поднесат иницијатива до производителот од Миовени да го стави во план за производство овој модел.

Доколку тоа се случи, а реално, шансите за тоа се минимални, тогаш Dacia би можело повеќе да не е Dacia.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK